Повик за масовно учество на денешните протести на „Маршот на големото враќање“ во Газа

Во објавеното писмено соопштение од делегацијата се истакнува дека за сузбивање на комплото во врска со палестинската кауза арапските и исламските земји треба да бидат во заеднички став со Палестина.

Повик за масовно учество на денешните протести на „Маршот на големото враќање“ во Газа

Високата национална делегација за Маршот на големото враќање и пробивање на блокадата составена од групите на отпорот во Газа, упати повик за масовно учество на денешните протести на „Маршот на големото враќање“ кои што ќе се одржат на границата на Израел со Газа.

Во објавеното писмено соопштение од делегацијата се истакнува дека за сузбивање на комплото во врска со палестинската кауза арапските и исламските земји треба да бидат во заеднички став со Палестина.

Мухамед ел-Харазин, членот на Високата национална делегација за Маршот на големото враќање и пробивање на блокадата, застана во одбрана на тоа дека компло теориите кои што се планираат нема да останат ограничени со палестинската кауза и рече дека отворањето на вратите за нормализирање со Израел ќе стане причина за предавање на сите престолнини на исламскиот умет.

Харазин го нагласи значењето од зајакнување на палестинската кауза и упати повик за масовно учество на протестите кои што ќе се одржат денеска на границата на Израел со Газа.

Инаку, Палестинците од 30 март 2018 година на границата меѓу Израел и Појасот Газа кој се наоѓа под израелска блокада, одржуваат мирољубиви протести под името "Марш на големото враќање".

Израелските војници пак, пукаат со вистински куршуми врз цивилниот народ кој бара да се врати назад на своите територии од кои беше прогонет и да биде укината незаконската блокада врз Газа која што се применува од 2006 година.

Во интервенцијата на изралските војници врз цивилите од 30 март досега се убиени над 230 Палестинци.

 



Слични вести