Хеликоптерска несреќа во близина на Бахамските острови: Загинаа 7 лица

Бахамската полиција соопшти дека при уривање на хеликоптер кој од островот Гранд Кеј летал за сојузната држава Флорида во Соединетите Американски Држави (САД) животот го загубиле 7 лица од кои 4 жени и тројца мажи

Хеликоптерска несреќа во близина на Бахамските острови: Загинаа 7 лица

Во близина на Бахамските острови на Карибите се урна хеликоптер при што во несреќата животот го загубија 7 лица.

Според објавеното соопштение од полицијата на Бахамските острови, хеликоптер кој превезувал 7 Американци на пат за сојузната држава Флорида во Соединетите Американски Држави (САД) кусо време по полетувањето од островот Гранд Кеј исчезнал од радарот.

Надлежни и локалниот народ го утврдија местото каде се урнал хеликоптерот, на околу 3 километри од островот Гранд Кеј.

Бахамската полиција соопшти дека во несреќата животот го загубиле 7 лица од кои 4 жени и тројца мажи.

Во врска со несреќата чија причина засега не е позната, е спроведена истрага.

Весникот „The Register-Herald“ кој се објавува во сојузната држава Западна Вирџинија во Соединетите Американски Држави (САД), ја сподели информацијата дека едниот од загинатите во несреќата бил бизнисменот Крис Клајн кој се оценува како „претприемач милијардер во секторот на рударството“, „крал на јагленот“ и „филантроп“.



Слични вести