Во напад на талибански милитанти врз полициска станица во Авганистан загинаа 5 полицајци

Заменик командантот на петтата погранична бригада во провинцијата Херат Бахауддин Гури истакна дека во реализиран напад од страна на талибански милитанти врз полициска станица во провинцијата Херат загинаа 5 мина полицајци, а тројца се ранети

1230110
Во напад на талибански милитанти врз полициска станица во Авганистан загинаа 5 полицајци

Во реализиран напад од страна на талибански милитанти врз полициска станица во провинцијата Херат, во западниот дел на Авганистан, загинаа 5 мина полицајци, а тројца се ранети.

Заменик командантот на петтата погранична бригада во провинцијата Херат Бахауддин Гури во дадената изјава за печатот истакна дека талибански милитанти извршија напад врз пограничната полициска станица во областа Тургунди во провинцијата Херат.

Велејќи дека во нападот загинаа 5 припадници на пограничните полициски сили, Гури рече дека се ранети и тројца полицајци.

Од страна на Талибан засега не е објавено било какво соопштение во врска со нападот.



Слични вести