Повторно се активира вулканот Стромболи на Еолиските острови

Италијанската новинска агенција АНСА соопшти дека на вулканот Стромболи се случиле силни експлозии

1229850
Повторно се активира вулканот Стромболи на Еолиските острови

Повторно се активира вулканот Стромболи на Еолиските острови во италијанската област Сицилија.

Во областа загина едно лице.

Италијанската новинска агенција АНСА соопшти дека на вулканот Стромболи се случиле силни експлозии. Лавата која истекуваше од кратерот на вулканот во две ленти ги изгоре дрвјата и беше причина за пожарот.

По активирањето на вулканот, некои туристи кои престојуваа во посета на подрачјето од страв се фрлија во морето.

Градоначалникот на општината Липари, Марко Џиорџиани во интервјуто за АНСА рече дека по активирањето на вулканот загинал еден турист кој пешачел по врвот на вулканот.

Установата за цивилна заштита по активирањето на вулканот прогласи алармантна состојба, поради што жандармеријата, пожарникарската служба и дирекцијата за шумарство водат заеднички активности.



Слични вести