Портпаролот на Хафтар призна дека нападот врз мигрантскиот центар бил извршен од нивна страна

Портпаролот на генералот Халифа Хафтар во Либија Ахмед ел-Мисмари призна дека воздушниот напад врз центарот за нерегуларни мигранти во областа Таџура во источниот дел на главниот град Триполи, бил извршен од нивна страна

1230179
Портпаролот на Хафтар призна дека нападот врз мигрантскиот центар бил извршен од нивна страна

Портпаролот на генералот Халифа Хафтар во Либија Ахмед ел-Мисмари на одржаниот состанок за печатот вчера во вечерните часови во градот Бенгази кој што беше емитуван во живо призна дека воздушниот напад врз центарот за нерегуларни мигранти во областа Таџура во источниот дел на главниот град Триполи, бил извршен од нивна страна.

Мисмари вооружените сили лојални на меѓународно признатата Влада на национално единство во Либија ги окарактеризира како „милициски сили“ и рече: „Наша цел беше воена база и складиште за оружје на една милициска бригада која се наоѓа овде и која ја оценивме за легитимна цел. Овој центар низа пати беше цел на нашите воздушни и топовски напади и претходно. Во овој случај оние кои се вистински одговорни се оние кои ги донеле овде илегалните имигранти.“ 

Мисмари воедно истакна дека вчера реализирале воздушни напади низ цела Либија, опфаќајќи две третини од земјата вклучувајќи го и јужниот дел.

Инаку, во реализираниот воздушен напад од страна на силите лојални на генералот Халифа Хафтар врз еден центар за сместување каде што се наоѓале нерегуларни мигранти, во источниот дел на главниот град Триполи, загинаа повеќе од 40 лица.



Слични вести