Расте бројот на загинатите во нападот на силите на Хафтар врз мигрантски центар во Либија

Во објавеното писмено соопштение од Специјалното претставништво на ОН за Либија се истакнува дека во реализиран воздушен напад врз мигрантски центар во градот Таџура источно од главниот град Триполи загинаа 44 лица, а повеќе од 130 лица се ранети

1229568
Расте бројот на загинатите во нападот на силите на Хафтар врз мигрантски центар во Либија
hafter.jpg
libya.jpg
libya.jpg

Бројот на загинатите во реализираниот напад од страна на воени авиони на силите на генералот Халифа Хафтра во Либија, врз центар за засолнување на нерегуларни мигранти во источниот дел на главниот град Триполи, се зголеми на 44, а има и повеќе од 130 ранети.

Во објавеното писмено соопштение од Специјалното претставништво на Обединетите нации (ОН) за Либија се истакнува дека во реализиран воздушен напад врз мигрантски центар во градот Таџура источно од главниот град Триполи животот го загубија 44 лица, а повеќе од 130 лица се ранети.

Во соопштението се вели дека мигрантскиот центар кој е домаќин на повеќе од 600 нерегуларни мигранти по втор пат станува цел на напад.

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Либија Гасан Саламе упати повик да бидат казнети оние кои ја издале наредбата за овој напад, кои го реализирале и кои обезбедиле оружје за нападот кој што е реализиран во спротивност со меѓународното право и се коси со наједноставните хуманитарни норми.

Во соопштението им се одделува место на следните зборови на Саламе: „Овој напад со кој што се поставени на цел и е извршен напад врз луѓе кои се наоѓаат во бедна состојба и се приморани да се засолнат во овој центар, би можел да претставува воено злосторство.“

Меѓународно признатата Влада на национално единство во Либија, во врска со нападот ги смета за одговорни единиците лојални на Халифа Хафтар во источниот дел на земјата, додека Хафтар го зачувува својот молк во врска со нападот.

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи на Владата на национално единство Фетхи Башага во дадената изјава за новинската агенција АсошиетедПрес (АП) истакна дека зад нападот се наоѓаат земјите поддржувачи на Хафтар.

Велејќи дека откако водачот на вооружените сили во источниот дел на Либија генералот Халифа Хафтар минатата недела го изгуби критичниот град Гирјан како што рече „земјите сојузници на Хафтар полудеа“, министерот Башага во оваа негова изјава не го изговори името на ниту една земја, меѓутоа познато е дека меѓу земјите, главни подржувачи на Хафтар се наоѓаат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Египет.

Од друга страна, Африканската унија )АУ) упати повик за независно истражување на реализираниот напад врз мигрантскиот центар во градот Таџура и да се побара сметка од одговорните.

Портпаролот на Министерството за здравство на Владата национално единство на Либија Февзи Унејис во изјавата што ја даде по нападот врз мигрантскиот центар кој што беше извршен синоќа истакна дека авиони на силите на Хафтар извршиле воздушен напад врз центарот за засолнување на нерегуларни мигранти во подрачјето на Таџура.

Тој информираше дека, според првите информации во нападот животот го загубија над 30 лица и дека голем број лица се ранети.



Слични вести