Путин го ратификува нацрт-законот за повлекување на Русија од ИНФ Договорот

Согласно нацрт-законот ратификуван од страна на претседателот Владимир Путин, Русија го суспендира Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ)

1229569
Путин го ратификува нацрт-законот за повлекување на Русија од ИНФ Договорот

Рускиот претседател Владимир Путин го ратификува нацрт-законот со кој се предвидува повлекување на Русија од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).

Согласно нацрт-законот ратификуван од страна на претседателот Путин, Русија го суспендира ИНФ Договорот.

Инаку, Соединетите Американски Држави (САД) пред извесно време соопштија дека ќе се повлечат еднострано од ИНФ Договорот потпишан во 1987 година со тогашниот Сојуз на Советските Социјалистички Републики (СССР) со кој се  предвидува забранување на ракетите (проектилите) со дострел од 500 до 5.500 километри и на кои можат да се постават нуклеарни боеви глави.

Наспроти тоа пак, рускиот претседател Владимир Путин го потпиша претседателскиот указ за суспендирање на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).



Слични вести