Давид Мариа Сасоли избран за нов претседател на Европскиот парламент (ЕП)

Кандидатот на Социјалдемократите Италијанецот Давид Мариа Сасоли во вториот круг од гласањата на Генералната седница на Европскиот парламент (ЕП) освои 345 гласа и стана нов претседател на Европарламентот

1229555
Давид Мариа Сасоли избран за нов претседател на Европскиот парламент (ЕП)
Avrupa Parlamentosu.jpg
yeni avrupa parlamentosu başkanı afp.jpg

За нов претседател на Европскиот парламент (ЕП) е избран италијанецот Давид Мариа Сасоли, кандидат на Социјалдемократите (СД).

На гласањата на Генералната седница на Европскиот парламент (ЕП) кои што започнаа со четворица кандидати во раните утрински часови, за избор на новиот претседател на Европарламентот по одржаните избори во мај во земјите членки на Европската унија (ЕУ), ниту еден од кандидатите не можеше да до вториот круг не можеше да обезбеди апсолутно мнозинство.

Согласно правилата кандидатите кои во првиот груг од гласањето не можеа да го обезбедат асполутното мнозинство, се натпреваруваа во вториот круг.

Кандидатот на Социјалдемократите Италијанецот Давид Мариа Сасоли во вториот круг освои 345 гласа, кандидатката на Европската партија на Зелените Германката Ска Келер 119 гласа, кандидатот на Обединетата европска левица-Скандинавската зелена левица Шпанецот Сира Рего 43 и кандидатот на Европските конзервативци и реформисти Чехот Јан Захрадил освои 160 гласа.

На тој начин 63-годишниот Давид Марија Сасоли беше избран за нов претседател на Европскиот парламент (ЕП) и функцијата ќе ја презеде од сегашниот претседател исто така Италијанецот Антонио Тајани.

Новоизбраниот претседател на Европскиот парламент (ЕП) Давид Марија Сасоли кој е поранешен новинар, на 1 јули 2014 година беше избран за потпретседател на Европскиот парламент (ЕП).



Слични вести