Во експлозија на цистерна во Нигерија животот го загубија најмалку 50 лица

Кристофер Ави, еден од функционерите во провинцијата Бенуе во Нигерија истакна дека во експлозија на една цистерна животот го загубија најмалку 50 лица, 70 се ранети, а голем број лица се водат како исчезнати.

1228904
Во експлозија на цистерна во Нигерија животот го загубија најмалку 50 лица

Во експлозија во една цистерна во провинцијата Бенуе во Нигерија животот го загубија најмалку 50 лица, 70 се ранети, а голем број лица се водат како исчезнати.

Според вестите кои што се појавија во националниот печат, Кристофер Ави, еден од провинциските функционери на Бенуе изјави дека за време на обидот на локалниот народ за празнење на бензинот од цистерната која што доживеала сообраќајна несреќа, поради засега непознати причини дошло до експлозија.

Ави рече: „Во експлозијата досега се пронајдени мртвите тела на 50 лица, 70 се ранети, а голем број лица се водат како исчезнати.“ 

Велејќи дека ранетите во експлозијата биле префрлени на лекување во болници и дека биле срушени и голем број куќи во околината, истиот функционер напомена дека во врска со несреќата е започната истрага.

Од друга страна, портпаролот на полицијата во покраината Бенуе Катерине Анене го потврди инцидентот, меѓутоа не даде информации во врска со бројот на загинатите.



Слични вести