Терористичката ЈПГ/ПКК со скандалот во ОН призна дека ги регрутира и принудува децата да војуваат

Терористичката организација ЈПГ/ПКК со потпишување на Акционен план со Вирџинија Гамба, специјалната претставничка за деца и вооружени конфликти, за пуштање на децата-борци кои војуваат во нејзините редови го призна и военото злосторство кое го врши

1228938
Терористичката ЈПГ/ПКК со скандалот во ОН призна дека ги регрутира и принудува децата да војуваат
ypg-pkk cocuk savascilar.jpg
ypg-pkk cocuk savascilar1.jpg

Откриено е дека сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК која го користи името Сириски демократски сили (СДФ) вчера во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева потпишала Акционен план со Вирџинија Гамба, специјалната претставничка за деца и вооружени конфликти, за пуштање на децата-борци кои војуваат во нејзините редови.

На тој начин сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со потпишување на овој Акционен план со Обединетите нации (ОН) го призна и военото злосторство кое го врши.

ЈПГ/ПКК за која е познато дека веќе долго време регрутира, односно ги присилува да војуваат децата на возраст од 11 до 16 години со овој скандалозен договор стави крај и на својата безгласност по ова прашање и за првпат ја призна оваа ситуација.

Ова прашање кое низа пати беше поставено на дневен ред од страна на меѓународните организации за човекови права, исто така беше документирано и од страна на новинската агенција Анадолија „АА“ (Anadolu Agency-AA).

Новинската агенција Анадолија „АА“ (Anadolu Agency-AA) ги објави фотографиите на децата-борци кои беа откриени во фотоапаратите запленети кај неутрализираните терористи и во нивните засолништа во подрачјето на Африн во северниот дел на Сирија, за време на реализација на операцијата Маслиново гранче.

Исто така, од страна на „АА“ беше снимен и кампот за обука во областа Хаџихасанли во Африн каде што децата-борци добивале воена обука од страна на ЈПГ/ПКК. Овој камп беше уништен во операцијата Маслиново гранче на 22 март 2018 година. Беше откриено дека овој камп кој што беше срамнет со земјата, бил центар за обука на децата-борци на возраст од 13 до 17 години.

Женевските конвенции во врска со заштитата на цивилите за време на војна од 1949 година, забрануваат децата да се користат како војници.

Во овие конвенции прашањето за „децата-борци“ се оценува во склопот на специјалната заштита на лицата помлади од 15 години.

Со Женевската конвенција е строго забрането регрутирање деца во војска и носење на воени боишта.

Како додаток на Женевските конвенции, во Протоколот број 1 во врска со заштитата на жртвите од меѓшународните вооружени судири со датум од 1977 година стои дека „децата кои немаат наполнето 15 години не треба да бидат страна на непријателски однесувања и посебно не треба да заземат место во вооружените сили“.

Ова злосторство извршено од страна на организацијата која празнината од изгубените свои припадници се обидува да ја пополни со деца, често станува тема на дискусија од страа на меѓународните организации за човекови права.

Според Обединетите нации (ОН), ЈПГ/ПКК во 2017 година ги откинала од своите семејства и регрутирала во таканаречените кампови за обука најмалку 224 деца од кои 72 девојчиња. Во 2018 година пак, оваа бројкае зголемена за пет пати.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, присилувајќи или заведувајќи ги семејствата кои се соочуваат со материјални тешкотии ги откинува од нивните деца и децата на возраст од 11 до 16 години ги испраќа во таканаречените кампови за обука, а потоа не им дозволува повеќе да се сретнат со своите семејства.

 



Слични вести