Пожар во руски брод за подводни истражувања

Пожарот избувнал за време на биометриските мерења

1229026
Пожар во руски брод за подводни истражувања

14 морнари ги загубија животите во пожарот што избувна во рускиот брод за подводни истражувања.

Министерството за одбрана на Русија во писменото соопштение истакна дека на рускиот брод за подводни истражувања на Поморските сили кој ги истражуваше океаните на 1 јули избувна пожар.

Во соопштението беше истакнато дека пожарот избувнал за време на биометриските мерења. Во пожарот животите ги загубија 14 морнари.

Поморските сили на Русија започнаа истрага во врска со случајот.



Слични вести