ОН го повикаа Иран да се придржува кон нуклеарниот договор

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, Стефан Дујарич, на редовното дневно информирање на печатот даде изјави во врска со активностите на Иран за зголемување на лимитот на резервите на збогатен ураниум

1228456
ОН го повикаа Иран да се придржува кон нуклеарниот договор

Обединетите нации (ОН) го повикаа Иран да остане посветен на нуклеарниот договор.

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, Стефан Дујарич на редовното дневно информирање на печатот даде изјави во врска со активностите на Иран за зголемување на лимитот на резервите на збогатен ураниум.

Велејќи дека оваа одлука на Иран загрижува, Дујарич рече: „Оваа одлука на Исламската Република Иран нема да помогне во зачувувањето на договорт и ќе го изостави иранскиот народ од конкретните економски придобивки на договорот.“

Портпаролот на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич напомена дека проблемот повторно треба да се реши во склопот на Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA), а воедно додаде дека генералниот секретар на светската организација Антонио Гутерес го повикува Иран да се придржува и да остане посветен на нуклеарниот договор, како и да ги исполни своите ветувања од овој договор.

Инаку, иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф изјави дека Техеран го надмина лимитот од 300 килограми определен во нуклеарниот договор со збогатување на ураниумот до ниво од 3,67 отсто, а воедно додаде дека истото се однесува и на тешката вода.

Иран, наспроти санкциите на Соединетите Американски Држави (САД) на 8 мај им даде рок од 60 дена на земјите потписнички на нуклеарниот договор и истакна дека ќе го зголеми капацитетот на збогатување на ураниумот.



Слични вести