Во Азез во Сирија фатени 7 терористи на ЈПГ/ПКК кои го извршиле бомбашкиот напад на 2 јуни

Екипите на Дирекцијата на полицијата во Азез ги фатија терористите кои на 2 јуни извршија напад со возило-бомба во населеното место во кој животот го загубија 23 лица од кои повеќето цивили, а 70 лица беа ранети

1227623
Во Азез во Сирија фатени 7 терористи на ЈПГ/ПКК кои го извршиле бомбашкиот напад на 2 јуни

Во населеното место Азез во северниот дел на Сирија се фатени 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК кои го извршиле нападот во населеното место на почетокот на јуни, во кој загинаа 23 лица од кои повеќето цивили.

Екипите на Дирекцијата на полицијата во Азез ги фатија терористите кои на 2 јуни извршија напад со возило-бомба во населеното место во кој животот го загубија 23 лица од кои повеќето цивили, а 70 лица беа ранети.

Фатените членови на терористичката организација беа испратени на суд во Азез и беа ставени во затвор.

Од друга страна, приближно 500 лица членови на Собранието на родовските заедници и племињата во Сирија, во населеното место Џејланпинар кај градот Шанлиурфа на самата граница со Сирија, покажаа реакција против се поголемиот зулум што го врши сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во нивната земја.

Портпаролот на Собранието на родовските заедници и племиња во Сирија Ахмед Убејд нагласи дека терористичката организација ЈПГ/ПКК го зголемува притисокот особено врз цивилите и рече: „Организацијата, поради тоа што не и се потчинуваме моментално ги пали посадените поседи во Сирија. Сака да се почитува наставата на ЈПГ/ПКК. Организацијата ги масакрира оние кои и се спротивставуваат, се обидува да ја промени демографската структура на областа. Со секој поминат ден се зголемуваат активностите за застрашување на луѓето. Ги негираме и жестоко ги осудуваме овие обиди на ЈПГ/ПКК. Очекуваме сите народи кои живеат во источниот дел на Еуфрат, Арапи, Курди, Туркменци и Езиди, да ја изнесат својата заедничка реакција против овие зулуми и да делуваат заеднички.“

Мудар Асар, едниот од водачите на родвските заедници пак, истакна дека во последно време се водат обиди за измама на цивилното население со раздавање на пари, но додаде дека нивното достоинство не може да се купи со пари.



Слични вести