Во авионска несреќа во Тексас во САД загинаа 10 лица

Во сојузната држава Тексас во САД се случи авионска несреќа кога еден приватен авион прти полетување удри во хангарот и притоа животот го загубија 10 лица

1227615
Во авионска несреќа во Тексас во САД загинаа 10 лица

Во авионска несреќа во сојузната држава Тексас во Соединетите Американски Држави (САД) животот го загубија 10 лица.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Федералната администрација за воздухопловство (FAA) на САД се истакнува дека несреќата се случила на еден аеродром во областа Адисон во сојузната држава Тексас наутро околу 9 часот по локално време.

Приватниот авион при полетување ја изгубил својата ориентација и удрил во хангарот по што почнал да гори и животот го загубиле 10 лица. 

Федералната администрација за воздухопловство (FAA) не објави соопштение во врска со причината на несреќата и беше истакнато дека поради истрагата која што е поведена не можат да бидат соопштени веднаш и идентитетите на загинатите.



Слични вести