Експлозија и вооружена престрелка пред зградата на министерството за одбрана на Авганистан во Кабул

Вооружени напаѓачи во утринските часови експлодираа возило натоварено со бомби пред министерството за одбрана во главниот град на Авганистан Кабул, при што според првични информации најмалку 65 лица се ранети, а пристигнуваат информации и за загинати

1227998
Експлозија и вооружена престрелка пред зградата на министерството за одбрана на Авганистан во Кабул

Во вооружена престрелка која што започна по експлозија на возило натоварено со бомби и пукање наоколу од страна на вооружени напаѓачи пред зградата на министерството за одбрана во главниот град на Авганистан, Кабул, најмалку 65 лица се ранети, а пристигнуваат информации и за загинати. 

Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Насрат Рахими истакна дека вооружени напаѓачи во утринските часови експлодирале возило натоварено со бомби пред зградата на Управата за логистика и инженерство при министерството за одбрана во центарот на главниот град Кабул.

Рахими рече дека по случајот вооружените напаѓачи отвориле оган на зградата и била започната вооружена престрелка со безбедносните сили. 

Портпаролот на министерството за здравство Вахид Мајар пак соопшти дека според првични информации во силната експлозија која што била почувствуван на еден широк простор во центарот на главниот град и вооружената престрелка до која дошло потоа се ранети најмалку 65 лица.

Како што се наведува  полициските сили и авганистанските специјални сили ја зеле областа под безбедносен коридор и вооружената престрелка проодлжувала.

Во меѓувреме, одговорноста за нападот ја презеде Талибан.

Внимание привлече тоа што ваквиот напад се совпадна со периодот кога во главниот град на Катар, Доха, се водат преговорите со американски функционери во врска со мировниот процес во Авганистан.   

 



Слични вести