Средба Трамп-Путин на лидерскиот самит на Г-20 во Осака-Јапонија

Пред средбата внимание привлече шегата која што ја направи Трамп, а кој го предупреди Путин да не се меша во изборите во САД

1226818
Средба Трамп-Путин на лидерскиот самит на Г-20 во Осака-Јапонија

Американскиот претседател Доналд Трамп во градот Осака во Јапонија каде што допатува по повод лидерскиот самит на Г-20 се состана со рускиот претседател Владимир Путин.

Пред средбата внимание привлече шегата која што ја направи Трамп, а кој го предупреди Путин да не се меша во изборите во САД.

Според објавеното соопштение од Белата куќа, Трамп и Путин кои се состанаа во рамките на самитот разговараа за односите помеѓу двете земји.

Двајцата лидери постигнаа согласност по прашањето на тоа дека развојот на односите помеѓу САД и Русија, освен тоа што ќе биде во полза на двете земји, ќе биде корисно и за другите земји.

На средбата, беа поставени на дневен ред и прашањата со Иран, Сирија, Венецуела и ситуацијата во Украина.

Во соопштението на Белата куќа се напоменува дека двајцата лидери Трамп и Путин постигнаа согласност по прашањето на продолжување на преговорите во врска со моделот на контрола на оружјето во 21-от век, за кој што Трамп претходно рече дека кон овој модел треба да биде вклучена и Кина.



Слични вести