Русија, Индија и Кина вознемирени од едностраниот начин на однесување во меѓународните односи

Лидерите на Русија, Индија и Кина ја изнесоа вознемиреноста од тенденциите на протекционизам, едностраниот начин на однесување и незаконските економски санкции во меѓународната трговија кои што се во подем во последно време

1227008
Русија, Индија и Кина вознемирени од едностраниот начин на однесување во меѓународните односи

На состанокот на земјите од групата „БРИКС“ („BRICS“) составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, која што се одржа во рамките на лидерскиот самит на Г-20 во градот Осака во Јапонија, се состанаа рускиот претседател Владимир Путин, индискиот премиер Нарендра Моди и кинескиот претседател Ши Џинпинг.

Во објавеното соопштение по состанокот беше нагласено дека во склопот на принципите на приврзаност кон меѓународното право, почит кон националниот суверенитет и немашање во внатрешните работи на другите земји се зазема став против секој вид на едностран начин на однесување.

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека на состанокот индискиот премиер Нарендра Моди и кинескиот претседател Ши Џинпинг ја изнесле вознемиреноста од тенденциите на протекционизам, едностраниот начин на однесување и незаконските економски санкции во меѓународната трговија кои што се во подем во последно време.

 



Слични вести