Одговорноста за двата терористички напади во Тунис ја презеде ДЕАШ

Американската интернет страница „Siteintel“ која ги следи екстремистичките групи во својата информација ослонувајќи се на интернет сртаницата на ДЕАШ по име „Амак“  соопшти дека одговорноста за двете експлозии во главниот град на Тунис ја презед

1226678
Одговорноста за двата терористички напади во Тунис ја презеде ДЕАШ

Одговорноста за вчерашните реализирани два едновремени терористички напади во главниот град на Тунис, ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Како што се истакнува, американската интернет страница „Siteintel“ која ги следи екстремистичките групи во својата информација ослонувајќи се на интернет сртаницата на ДЕАШ по име „Амак“  одговорноста за двете експлозии во главниот град на Тунис ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Според интернет страницата „Амак“, двата напади чија цел беа безбедносните единици на Тунис се извршени од страна на милитанти на ДЕАШ.

Портпаролот на туниското министерство за внатрешни работи Суфјан ез-Зак истакна дека во главниот град се извршени два едновремени самоубиствени напади од кои едниот врз полициска станица, а вториот врз полициско возило кое патролирало.

Тој рече дека во нападите загина еден полицаец, а 8 лица се ранети од кои 5 мина полицајци.



Слични вести