Дискусиите во врска со либерализмот пред Самитот на Г-20

Европејците докрај треба да ја бранат и поттикнуваат либералната демократија

1226823
Дискусиите во врска со либерализмот пред Самитот на Г-20

Пред Самитот на Г-20 во јапонскиот град Осака беа доживеани дискусии во врска со либерализмот.

Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск во интервјуто за британскиот весник „Фајнаншл тајмс“ ги критикуваше коментарите на рускиот претседател Владимир Путин во врска со тврдењето дека либерализмот е неважечки.

Туск во интервјуто рече дека Европејците докрај треба да ја бранат и поттикнуваат либералната демократија.

Секој оној кој што тврди дека либерализмот е неважечки, во суштина вели дека слободите, владеењето на правото и човековите права се неважечки, рече Туск.

Тврдењето на Путин дека либерализмот бил неважечки нема никаква смисла и значење. Според мене, неважечки се авторитарноста, култовите на или кон личноста и олигарсите и покрај тоа што повремено истите се многу влијателни. Ние Европејците сме тука со цел решително доследно и докрај да ја браниме и поттикнуваме  либералната демократија, рече Туск.

Рускиот лидер Путин во врска со интервјуто на Туск за Фајнаншл тајмс кое беше објавен денес рече дека идејата за либерализмот е неважечка и дека се коси со интересите на поголемиот број од популацијата.

Двајцата лидери се наоѓаат во јапонскиот град Осака каде што учествуваат на Самитот на Г-20.



Слични вести