Во два едновремени самоубиствени напади во Тунис загина еден полицаец, а 8 лица се ранети

Цел на првиот извршен самоубиствен напад беше полициско патролно возило на улицата Хабиб Бургиба во центарот на главниот град Тунис, а на вториот полициска станица во областа Ел-Керџани

1226403
Во два едновремени самоубиствени напади во Тунис загина еден полицаец, а 8 лица се ранети

Во два одделни реализирани едновремени самоубиствени напади во главниот град на Тунис денеска, според добиени првични информации загина еден полицаец, а 8 лица се ранети.

Портпаролот на туниското министерство за внатрешни работи Суфјан ез-Зак во објавеното соопштение на својата официјална сметка преку социјалната медија извести дека во главниот град се извршени два едновремени самоубиствени напади од кои едниот врз полициска станица, а вториот врз полициско возило кое патролирало. 

Зак не даде детални информации во врска со тоа во кој од двата извршени напади дошло до човечки загуби и само истакна дека во нападите освен еден загинат полицаец има 8 ранети лица од кои 5 полицајци.

Во претходното објавено соопштение од Министерството за внатрешни работи беше истакнато дека во самоубиствените напади се ранети вкупно 9 лица од кои 6 мина полицајци.

Цел на првиот извршен самоубиствен напад беше полициско патролно возило на улицата Хабиб Бургиба во центарот на главниот град Тунис, а на вториот полициска станица во областа Ел-Керџани.

Од друга страна, неидентификувани вооружени напаѓачи извршија напад врз телевизиска станица во градот Гафса, во јужниот дел на земјата.

Според објавеното писмено соопштение од туниското министерство за одбрана се истакнува дека во 03:30 часот е извршен вооружен напад врз телевизиска станица на планината Орбата.

Во соопштението се вели дека по интервенцијата на воените единици напаѓачите избегале кон внатрешните делови на планината и дека телевизиската станица била безбедна. 

Во соопштението се додава дека воените единици продолжуваат да трагаат по вооружените напаѓачи и дека во нападот нема загинати или ранети и дека не е причинета и материјална штета.



Слични вести