Удар врз терористичката организација ФЕТО пристигна и од ОН

За прв пат во Обединетите нации (ОН) официјално е признато предавањето на училиштата на ФЕТО на Фондацијата Маариф (Вакафот за образование) на Турција

1226212
Удар врз терористичката организација ФЕТО пристигна и од ОН

Еден удар врз Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) пристигна и од Обединетите нации (ОН),ж

За прв пат во Обединетите нации (ОН) официјално е признато предавањето на училиштата на ФЕТО на Фондацијата Маариф (Вакафот за образование) на Турција.

Со меморандумот за разбирање потпишан помеѓу Турција и Авганистан е овозможено училиштата на ФЕТО да и бидат предадени на Фондацијата Маариф.

Овој договор со обраќањето на постојаното претставништво на Турција во Обединетите нации (ОН) беше потврден и од страна на секретаријатот на светската организација.

На тој начин е целосно затворена вратата за Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) во Обединетите нации (ОН).

Одлуката беше објавена на интернет страницата на ООН и ѝ беше соопштена на светската јавност.

Како што се истакнува, договорот за кој што станува збор е  постигнат согласно правото на Обединетите нации (ОН). 

Согласно потпишаниот меморандум за разбирање помеѓу Турција и Авганистан, продолжува процесот на предавање на авганистанско-турските училишта поврзани со ФЕТО, на Фондацијата Маариф (Вакафот за образование) на Турција.

Во 8 училишта чиј процес на предавање е реализиран досега, од страна на Фондацијата Маариф на Турција им се дава образование на приближно 3 илјади ученици.

Фондацијата Маариф (Вакафот за образование) на Турција  ги продолжува и своите инвестирања во образованието во училиштата во Авганистан во чии рамки во училиштата преземени од ФЕТО се обновуваат лабораториите по физика, хемија и биологија, како и библиотеките.

Од една страна се вработува наставен кадар од Турција во различни сфери, а од друга се градат и нови училишта и интернати.



Слични вести