СБ на ОН го продолжи мандатот на Мисијата на УНДОФ на сириско-израелската линија за уште 6 месеци

На заеднички предлог на САД и Русија, Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) го продолжи мандатот на Мисијата на Обединетите нации (ОН) за набљудување на прекинот на огнот (УНДОФ) на сириско-израелската линија, за уште 6 месеци

1225913
СБ на ОН го продолжи мандатот на Мисијата на УНДОФ на сириско-израелската линија за уште 6 месеци

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) го прифати заедничкиот предлог на САД и Русија за продолжување на мандатот на Мисијата на Обединетите нации (ОН) за набљудување на прекинот на огнот (УНДОФ) на сириско-израелската линија, за уште 6 месеци.

Во донесената одлука согласно 7'от дел од договорот на Обединетите нации (ОН) се предупредува поради алармантната состојба пред опасноста од сериозен ризик за судир во регионот, а како резултат на насилството кое што продолжува во Сирија.

Во одлуката се бара сите завојувани страни во судирите во Сирија да ги прекинат сите воени дејствија на сириско-израелската линија и да го почитуваат меѓународото хуманитарно право, а воедно се нагласува потребата од целосно придржување на сириската и израелската страна кон одредбите на договорот од 1974 година и прекинот на огнот.

Мандатот на Мисијата на Обединетите нации (ОН) за набљудување на прекинот на огнот (УНДОФ) на сириско-израелската линија, истекува на 30 јуни.

Во договорот кој што беше потпишан помеѓу Израел и Сирија на 31 мај 1974 година, а во присуство и на претставници Обединетите нации (ОН) и посматрачи на тогашниот Советски Сојуз се бараше и двете страни што поскоро да ги прекинат сите воени дејствија и да се придржуваат кон прекинот на огнот на копно, во воздух и на море.



Слични вести