Во воздушни напади на Асадовиот режим врз населените места во Идлиб загинаа четворица цивили

Воени авиони на Асадовиот режим од синоќа наваму реализираат воздушни напади во подрачјето на градот Идлиб, врз населеното место Маратинуман и селата Кефер Сеџне, Хамидије, Хазарин, Руб'е ел Џуз, Бсида, Хиш, Селт Ез Зухур и Кириса

1225397
Во воздушни напади на Асадовиот режим врз населените места во Идлиб загинаа четворица цивили

Во воздушни напади кои што ги реализираат од синоќа наваму режимот на Бешар Асад и неговиот поддржувач Русија врз цивилните населени места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“, животот го загубија четворица цивили, а 9 мина се ранети.

Воени авиони на Асадовиот режим од синоќа наваму реализираат воздушни напади во подрачјето на градот Идлиб, врз населеното место Маратинуман и селата Кефер Сеџне, Хамидије, Хазарин, Руб'е ел Џуз, Бсида, Хиш, Селт Ез Зухур и Кириса.

Во овие воздушни напади, според првични добиени информации, животот го загубија вкупно четворица цивили од кои по едно лице во Маратинуман и Хамидије и двајца во селото Руб'е ел Џуз, а 9 мина цивили беа ранети.

Екипите за Цивилна Одбрана (Белите Беретки) ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување и се стравува од зголемување на бројот на загинатите во нападите.

Од друга страна, Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери соопшти дека воени авиони на Русија реализираа воздушен напад врз селото Руб'е ел Џуз кај градот Хама, инаку подрачје кое се наоѓа во границите на  „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.

Асадовиот режим и неговите потрошувачи, од потпишувањето на спогодбата за Идлиб помеѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година досега прекршувајќи го прекинот на огнот реализираат напади во кои се принудени да ги напуштат своите домови повеќе од 553 илјади цивили. 

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) пак, соопшти дека во реализираните напади од страна на силите на Бешар Асад и нивните поддржувачи врз „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во периодот од 26 април до 23 јуни животот го загубија 487 цивили, а 1.495 мина се ранети.



Слични вести