Рускиот Парламент го одобри повлекувањето од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ)

Прифатениот нацрт-закон од страна на Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, се очекува да биде ратификуван од страна на претседателот Владимир Путин.

1225637
Рускиот Парламент го одобри повлекувањето од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ)

На пленарната седница на Рускиот Парламент едногласно е одобрен нацрт-законот кој предвидува повлекување на Русија од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).

Прифатениот нацрт од страна на Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, се очекува да биде ратификуван од страна на претседателот Владимир Путин.

Инаку, Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека ќе се повлечат еднострано од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) кој што беше потпишан во 1987 година со тогашниот Советски Сојуз, а кој предвидува забранување на ракетите (проектилите) со дострел од 500 до 5.500 километри и на кои можат да се постават нуклеарни боеви глави. 

Како одговор на тоа пак, рускиот претседател Владимир Путин го потпиша декретот за суспендирање на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).

 

 

 



Слични вести