Во вооружени напади во Буркина Фасо загинаа најмалку 15 лица

Министерот за одбрана на Буркина Фасо Шериф Сај во дадена изјава за печатот истакна дека ноќта во саботата вооружени лица извршиле напади на селата Сагхо и Тоекодого во кои животот го загубија најмалку 15 лица

1224505
Во вооружени напади во Буркина Фасо загинаа најмалку 15 лица

Во реализирани напади од страна на вооружени лица во северниот дел на западноафриканската држава Буркина Фасо животот го загубија најмалку 15 лица, а има и ранети.

Министерот за одбрана на Буркина Фасо Шериф Сај во дадена изјава за печатот истакна дека ноќта во саботата вооружени лица извршиле напади на селата Сагхо и Тоекодого во кои животот го загубија најмалку 15 лица.

Тој рече дека напаѓачите запалиле и голем број дуќани и десетици моторцикли, по што по интервенцијата на безбедносните сили избегале.

Во реализираниот терористички напад на градчето Белехеде во северниот дел на Буркина Фасо и во вторникот животот го загубија 17 лица.

Буркина Фасо од 2015 година станува цел на терористички напади кои што најпрвин беа интензивирани во северниот дел и областа Сахел, а потоа се проширија и во западните и централните делови на земјата.

Во 7 од вкупно 13 области на оваа западноафриканска држава од 1 јануари е воведена вонредна состојба.



Слични вести