Во Киркук во Ирак се убиени 14 терористи на ДЕАШ

Во реализирана операција во провинцијата Киркук поддржана од воени авиони на воената коалиција во земјата се убиени 14 терористи, припадници на припадници на терористичката организација ДЕАШ и е фатен еден од водечките личности на организацијата.

1224527
Во Киркук во Ирак се убиени 14 терористи на ДЕАШ

Во провинцијата Киркук во Ирак се убиени 14 терористи, припадници на терористичката организација ДЕАШ.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Силите за борба против тероризмот во склопот на Ирачкото министерство за одбрана се истакнува дека во реализирана операција во Киркук поддржана од воени авиони на воената коалиција во земјата се убиени 14 терористи, припадници на припадници на терористичката организација ДЕАШ и е фатен еден од водечките личности на организацијата.

Во соопштението се вели дека реализираната операција во квартот Вахде во градот Киркук траела два дена и притоа биле запленети и голема количина на оружје и документи на организацијата.

Инаку, терористичката организација ДЕАШ во последно време често реализира терористички напади во градовите Дијала во источниот дел на Ирак и Киркук и Салахадин во северниот дел на земјата.

Властите во Багдад во декември 2017 година прогласија дека териториите на земјата се спасени од рацете на терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести