Предупредување од Зариф до Трамп во однос на неговата „Б“ екипа

Иранскиот министер за надворешни работи Зариф истакна дека спротивно на претседателот Трамп, групата која што ја нарекува „Б“ екипа, а на чие чело се наоѓа Џон Болтон, советникот за национална безбедност во Белата куќа, наместо дипломатија сака војна.

1224807
Предупредување од Зариф до Трамп во однос на неговата „Б“ екипа

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во пораката што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп по прашањето на неговата „Б“ екипа на чие чело се наоѓа советникот за национална безбедност во Белата куќа Џон Болтон.

Зариф истакна дека спротивно на американскиот претседател Доналд Трамп, групата која што ја нарекува „Б“ екипа, а на чие чело се наоѓа Џон Болтон, советникот за национална безбедност во Белата куќа, наместо дипломатија сака војна.

Зариф во својата порака напиша: „Доналд Трамп е сто посто во право по прашањето на тоа дека американските воени сили немаат работа во Персискиот залив. Повлекувањето на своите сили е во целосна усогласеност со интересите на САД и светот, но дека јасно стои дека неговата „Б“ екипа не води грижа за интересите на САД. Ја омаловажуваат дипломатијата и копнеат по војна.“ 

Иранскиот претседател Џевад Зариф вели дека советникот за национална безбедност во Белата куќа Џон Болтон, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман и принцот престолонаследник на Абу Даби Мухамед бин Зајед ја сочинуваат „Б“ екипата на американскиот претседател Трамп.

Се коментира дека Џон Болтон, кој е едниот од неимарите на американската окупација на Ирак во 2003 година се обидува да го убеди претседателот Трамп за воен напад врз Иран.

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп во говорот што го одржа пред три дена во Белата куќа во врска со неговиот советник за национална безбедност Џон Болтон рече „врши многу добра работа, меѓутоа често сме во несогласување по прашањето на Блискиот исток“.



Слични вести