Министрите за одбрана на НАТО на 26 и 27 јуни ќе се состанат во Брисел

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со состанокот изјави за претставниците на печатот дека едната од главните точки на дневниот ред ќе бидат трошоците за одбрана и споделувањето на товарот

1224959
Министрите за одбрана на НАТО на 26 и 27 јуни ќе се состанат во Брисел
jens stoltenberg.jpg

Министрите за одбрана на 29 земји членки на НАТО на 26 и 27 јуни ќе се состанат во главниот град на Белгија, Брисел.

На состанокот Турција ќе ја претставува министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со состанокот изјави за претставниците на печатот дека едната од главните точки на дневниот ред ќе бидат трошоците за одбрана и споделувањето на товарот.

Столтенберг привлече внимание дека 5 години како сојузничките земји ги зголемија трошоците за одбрана и дека се очекува на крајот на годината 8 земји членки да ги исполнат своите ветувања за одделување за одбрана на 2 отсто од својот буро домашен производ (БДП). 

Велејќи дека во рамките на состанокот што ќе се одржи утре и задутре ќе биде поставено на дневен ред и прекршувањето од страна на Русија на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ), Столтенберг појасни дека Русија располага со рок до 2 август за да ги исполни своите обврски кои што произлегуваат од овој договор.

Тој наведе дека Сојузот не сака нова трка во наоружување и истакна дека во тие рамки идната недела ќе се состане и Советот НАТО-Русија при што ќе се одржи како што рече „отворен и чесен“ дијалог меѓу страните. 

Столтенберг најави дека министрите за одбрана ќе ја одобрат и заедничката вселенска политика на НАТО за утврдување на можностите и предизвиците во вселената, а воедно подвлече дека Сојузот донесе одлука за зајакнување и на својата вселенска политика.

Истакнувајќи дека ито така значајна точка на дневен ред на состанокот ќе биде и Авганистан, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг нагласи дека НАТО ја продолжува својата одлучност за воспоставување на мирот во светот. 

Столтенберг напомена дека иранското прашање не се наоѓа меѓу точките на овицијалниот дневен ред на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, но додаде дека ова прашање ќе се разгледа и во рамките на состанокот и на остварените билатерални средби.



Слични вести