Мантуров: „Русија наскоро ќе започне со испораката на С-400“

Турција покажува цврст и неоткажлив став во врска со откупот на С-400

1224864
Мантуров: „Русија наскоро ќе започне со испораката на С-400“

Рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров рече дека наскоро ќе започна испораката на воздушно-одбранбениот систем С-400 на Турција.

Во интервјуто за руската новинска агенција Интерфакс, Мантуров рече дека голем број земји се заинтересирани за С-400.

Неодамна започна испораката на С-400 на Кина која го купи, потсети Матуров и додаде:

„Договорот со Кина беше потпишан во април 2015 година, но не беа објавени деталите. Испораката ќе биде реализирана согласно постигнатиот рок“.

Надоврзувајќи се на притисокот на САД врз Турција во врска со откупот на С-400, Матуров рече:

„Турција покажува цврст и неоткажлив став во врска со откупот на С-400. Досега се усвоени сите потребни одлуки во врска со испораката на С-400. Првата испорака на С-400 на Турција ќе започне наскоро. Воено-техничката соработка и имплементација меѓу Турција и Русија напредува во поволна насока“.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во говорот на состанокот на пратеничката група во Собранието најави дека испораката на воздушно-одбранбениот систем С-400 ќе започне идниот месец.

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во вчерашната изјава за печатот рече дека без оглед на тоа каква изјава или соопштение пристигне од САД, Турција го купи антиракетниот систем С-400.



Слични вести