Џон Болтон: Претседателот Доналд Трамп е спремен за „вистински преговори“ со Иран

Советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џон Болтон истакна дека претседателот Доналд Трамп е спремен за „вистински преговори“ со Иран

1224943
Џон Болтон: Претседателот Доналд Трамп е спремен за „вистински преговори“ со Иран

Советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џон Болтон во говорот што го одржа на на тројниот безбедносен самит САД-Русија-Израел во Западен Ерусалим (Кудс) изнесе проценки во однос на присутната затегнатост помеѓу Вашингтон и Техеран.

Болтон истакна дека претседателот Доналд Трамп е спремен за „вистински преговори“ со Иран.

Велејќи дека американските дипломати водат иницијативи во регионот со надеж за изнаоѓање излез од присутните тензии помеѓу Вашингтон и Техеран, Болтон го обвини Иран дека останува безгласен на овие иницијативи и рече: „Не постои ниту еден доказ кој што би покажал дека Иран со стратешка одлука се откажува од нуклеарното оружје.“

Џон Болтон, префрлувајќи ја топката на Техеран по прашањето на започнување на преговорите помеѓу САД и Иран ја изнесе следната констатација: „Претседателот Трамп ја остава отворено вратата за вистински преговори. Она што треба да го направи Иран е да влезе од таа отворена врата.“

На тројниот безбедносен самит САД-Русија-Израел кој што започна вчера во Западен Ерусалим (Кудс) и продолжува и денеска, се дискутира за ситуацијата во Сирија и улогата на Иран во регионот.

На самитот со кој претседава израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, освен советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џон Болто, учествуваат и секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев и советникот за национална безбедност на Израел Меир Бен-Шабат.



Слични вести