Бројот на загинатите во серијата експлозии во воено складиште во Казахстан се зголеми на 2 лица

Поради серијата експлозии до кои што дојде по пожарот во едно воено складиште за оружје во сопственост на армијата во градот Арис во провинцијата Туркестан, во Казахстан животот го загубија две лица, а 89 лица од кои 18 деца се ранети

1224603
Бројот на загинатите во серијата експлозии во воено складиште во Казахстан се зголеми на 2 лица

Бројот на загинатите во серијата експлозии до кои што дојде вчера по пожарот во едно воено складиште за оружје во провинцијата Туркестан во Казахстан се зголеми на две лица, а бројот на ранети изнесува 89 лица.

Во објавеното соопштение од министерството за здравство на Казахстан се истакнува дека поради серијата експлозии до кои што дојде по пожарот во едно воено складиште за оружје во сопственост на армијата во градот Арис во провинцијата Туркестан, животот го загубија две лица, а 89 лица од кои 18 деца се ранети. 

Претседателот на Казахстан Жомарт Касим-Токаев ги посети ранетите во болниците и жителите на градот Арис во центрите за евакуација формирани во близина на населените места на градот каде што беше информиран во врска со нивната здравствена состојба.

Вчера во 09:00 часот по локално време дојде до серија силни експлозии во едно воено складиште за оружје во сопственост на армијата во близина на градот Арис во провинцијата Туркестан во Казахстан при што според последни добиени информации животот го загубија 2 лица, 89 лица од кои 18 деца се ранети, а воедно поеќе од 39 илјади лица жители на градот Арис беа евакуирани во кампови кои што беа формирани во соседните населени места.

Веднаш потоа беше формирана комисија за истражување на причината на пожарот што се појавил во складиштето за оружје по што дошло и до серијата силни експлозии.

Казахстанското министерство за одбрана соопшти дека експлодирала речиси половината од оружјето и муницијата во военото складиште.



Слични вести