Британските борбени авиони Ф-35 излегоа на задача во Сирија и Ирак

6 борбени авиони од типот Ф-35 стационирани во базата Акротири на Кипар, остварија 14 задачи во Сирија и Ирак

1224673
Британските борбени авиони Ф-35 излегоа на задача во Сирија и Ирак

Британските борбени авиони Ф-35 стационирани во базата на Кипар излегоа на задача во Сирија и Ирак.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана на Британија беше истакнато дека 6 борбени авиони од типот Ф-35 стационирани во базата Акротири на Кипар, остварија 14 задачи во Сирија и Ирак.

Авионите беа искористени со разузнавачка цел и во рамките на задачата за собирање информации во борбата против терористичката организација ДЕАШ, полетаа натоварени со оружје, но не остварија ниту еден напад.

Велика Британија планира да купи 138 авиони од типот Ф-35. Досега и беа испорачани 17 авиони. Авионите од типот Ф-35Б кои имаат способност да слетуваат хоризонтално на Британија ќе и бидат предадени во октомври и истите ќе ги тестира на бродот носач на авиони ХМС Кралица Елизабета кој лани беше пуштен во вода.

Почнувајќи од 2021 година се планира да бродот носач на авиони и авионите од типот Ф-35 да се постигне координација за заеднички операции.



Слични вести