Земјотрес со јачина од 7.7 степени ја погоди Индонезија

Американскиот центар за геолошки истражувања (УСГС) соопшти дека јачината на земјотресот изнесува 7,5 степени

1223872
Земјотрес со јачина од 7.7 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 7.7 степени ја погоди провинцијата Малуку во Индонезија.

Установата за метеорологија, клима и геофизика соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 7.7 степени се наоѓа 245 км североисточно од крајбрежјето на Југозападен Малуку. Земјотрсот се случи на длабочина од 231 км.

По земјотресот Установата за метеорологија, клима и геофизика не прогласи вонредна состојба за цунами. Сеуште нема точни информации за евентуалните жртви и материјална штета.

Американскиот центар за геолошки истражувања (УСГС) соопшти дека јачината на земјотресот изнесува 7,5 степени.



Слични вести