Трамп: „Не сакам војна со Иран и спремни сме за безусловни преговори“

Иран е во многу тешка економска состојба и верува дека ќе бидат отворени за преговори

1223912
Трамп: „Не сакам војна со Иран и спремни сме за безусловни преговори“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека не сакаат војна со Иран и дека се спремни за безусловни преговори.

Во интервјуто за ТВ-канал „NBC“ претседателот Трамп рече:

„Не сакам војна со Иран. Бидејќи може да дојде до големо уривање и катастрофа. Јас тоа не го сакам, но исто така не можат да имаат нуклеарно оружје“.

На прашањето во врска со евентуалното барање за продолжување на преговорите од страна на Иран со изнесување одреден услов, Трамп одговори: „Тоа не е мој проблем. Нема предуслови“.

Трамп меѓудругото рече дека Иран е во многу тешка економска состојба и верува дека ќе бидат отворени за преговори.

Иран сака да постигне договор. Мојот договор се однесува на нуклеарното оружје. Иран нема да има нуклеарно оружје. Мислам дека не се задоволни од моменталната ситуација. Економијата навистина им е во многу лоша состојба.

Доналд трамп одбегна да одговори на прашањето во врска со повикот на ОН за отворање истрага во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи од страна на ФБИ.

Во врска со тоа Трамп рече дека се познати деталите во врска со убиството на Кашикчи. Иран за само еден ден уби многу лица. И другите земји на Блискиот Исток се многу агресивни. Погледнете само на Иран и другите земји чии имиња нема да ги споменам. Видете што се се случува.

 Трговски обем меѓу Саудиска Арабија и САД изнесува 450 милијарди долари.

Не сум толку глуп да не сакам да соработувам со Саудиска Арабија. Ако Саудијците не сакаат да соработуваа со нас, што ќе прават? Ќе одат и ќе соработуваат со Русите или Кинезите, рече Трамп.

Саудискиот новинар Џемал Кашикчи беше убиен на 2 октомври 2018 во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул. Покрај силното убедување кое го изнесе Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во врска со вмешаноста на саудискиот принц престолонаследник Мухамед Бин Селман во убиството на Кашикчи и за тоа американскиот претседател Трамп, тој не го зеде во предвид извештајот на ЦИА.



Слични вести