Израелските сили притворија 16 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Во објавеното писмено соопштение од израелската армија се тврди дека притворените лица за време на реализираните упади синоќа во различни области на Западниот Брег, биле замешани во терористички акции

1224024
Израелските сили притворија 16 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Израелски сили притворија 16 Палестинци на окупираниот Западен Брег.

Во објавеното писмено соопштение од израелската армија се тврди дека притворените лица за време на реализираните упади синоќа во различни области на Западниот Брег, биле замешани во терористички акции.

Во соопштението се истакнува дека притворените Палестинци биле испратени во центарот за притвор каде што ќе бидат сослушани. 

Инаку, израелските сили често реализираат упади во домовите на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим (Кудс) и притоа ги притвораат Палестинците, под различни изговори.

По овие притворања кои што се реализираат често на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс), некои од Палестинците, меѓу кои има и жени и деца, се држат со денови во центрите за притвор.

Според официјални палестински извори, во израелските затвори има 5.700 Палестинци од кои приближно 500 административни затвореници и 230 деца.

Израел со применувањето наречено „административен притвор“ согласно добиените разузнавачки информации, може да ги држи во притвор Палестинците во времетраење од 1 до 6 месеци. Доколку се одлучи дека приведениот „претставува закана за безбедноста на Израел“ воениот судија без изнесување и на одредено обвинение за сторено кривично дело, времетраењето на притвор може да го продолжи дури и до 5 години.



Слични вести