САД го објави економскиот пакет на „Договорот на векот“

Над половина од предвидениот пакет од 50 милијарди ќе се одвои за Палестина, а останатите средства за Египет, Либан и Јордан

1223472
САД го објави економскиот пакет на „Договорот на векот“

САД го објави економскиот пакет на таканаречениот план „Договор на векот“ кој го подготви со цел да се изнајде решение на изарелско-палестинскиот спор.

Според пакетот кој беше објавен на веб-страницата на белата куќа на интернет, се предвидува инвестициски фонд од 50 милијарди долари за помош и поддршка на Палестина и соседните земји.

Над половина од предвидениот пакет од 50 милијарди ќе се одвои за Палестина, а останатите средства за Египет, Либан и Јордан.

Со пакетот се планира да се остварат 179 инфраструктурни и деловни проекти во Палестина, а под изговор дека истиот ќе биде од корист за младите Палестинци кои живеат во Газа, се предвидуваат инвестиции во Египет и Синајскиот полуостров.

Во рамките на активностите за развој на економските и инфраструктурни активности на земјата, со пакетот се предвидува да се изгради и транспортниот коридор кој ќе ги поврзува Западниот брег и Газа а чија изградба се очекува да изнесува околу 5 милијарди долари.



Слични вести