Ким Јонг-ун доби „многу убаво“ писмо од Трамп

Поздравувајќи ја храброста на Трамп, Ким истакнал дека ќе размисли за содржината на писмото

1223402
Ким Јонг-ун доби „многу убаво“ писмо од Трамп

Според веста на официјалната новинска агенција на Северна Кореја (КЦНА), лидерот на земјата Ким Јонг-ун, доби ново писмо од американскиот претседател Доналд Трамп.

Во веста се нагласува дека лидерот Ким истакнал дека содржината на писмото е многу убава и дека бил многу среќен кога го читал.

Поздравувајќи ја храброста на Трамп, Ким истакнал дека ќе размисли за содржината на писмото.

Водачот на Северна Кореја, Ким последен пат до Трамп испрати писмо на 11 јуни минатата година.



Слични вести