Во воздушни напади на Асадовиот режим и Русија во Идлиб загинаа 6 цивили

Воени авиони на Асадовиот режим и Русија утрово реализираа водушни напади врз населените места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во кои животот го загубија 6 цивили

1222811
Во воздушни напади на Асадовиот режим и Русија во Идлиб загинаа 6 цивили

Во воздушни напади на режимот на Бешар Асад и неговиот поддржувач Русија врз цивилните населени места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“, животот го загубија 6 цивили.

Воени авиони за кои од страна на Опозициската опсерваторија за авиони се истакнува дека биле во сопственост на Русија, реализираа воздушни напади врз населените места Кефер Зита и Латамине и селата Рекаја, Хисраја, Тел Мелех и Џубејн кај градот Хама во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.

Во реализираниот воздушен напад врз населеното место Кефер Зита животот го загубија двајца цивили.

Асасдовиот режим и Русија почнувајќи од утрово реализираат воздушни напади врз населеното место Маратинуман  и селата Ел Мастуме, Хиш, Маретхирме и Ел Хабит во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ и врз населеното место Латамине и месноста Арбаин и селата Џубејн и Тел Мелех во северното рурално подрачје на градот Хама.

Во меѓувреме, и воени авиони на Асадовиот режим ги бомбардираа населеното место Хан Шејхун и селото Маритхирме  кај градот Идлиб и областа Риф ел Мухендисин кај градот Алепо.

Во нападот врз Риф ел Мухендисин животот го загубија четворица цивили.

На тој начин во реализираните воздушни напади од страна на Асадовиот режим и неговиот поддржувач Русија утрово животот го загубија вкупно 6 мина цивили.



Слични вести