Во самоубиствен напад на џамија во Багдад загинаа 10 лица

Самоубиствен напаѓач за време на клањање на џума намаз ја активирал бомбата на себе во една џамија во ирачкиот главен град Багдад и во експлозијата животот го загубиле 10 лица, а 30 лица биле ранети

1223014
Во самоубиствен напад на џамија во Багдад загинаа 10 лица

Во реализиран самоубиствен напад на една џамија за време на клањање на џума намаз (петочна молитва) во главниот град на Ирак, Багдад, животот го загубија 10 лица, а 30 лица се ранети. 

Според вестите објавени во локалните медиуми, самоубиствен напаѓач кој влегол во џамијата Ел-Мунтазар во која оделе Шиити во областа Беледијат во источниот дел на Багдад, ја експлодирал бомбата на себе.

Во експлозијата животот го загубиле 10 лица, а 30 лица биле ранети.

Во ирачкиот главен град Багдад каде што во споредба со изминатиот период се согледува делумна смиреност, извесно време не беа доживувани напади од овој вид насочени против верски објекти.



Слични вести