Трамп одобрил напад врз Иран, но веднаш потоа се предомислил

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ во веста во која се повикува на некои анонимни високи функционери тврди дека претседателот Трамп во последен момент се откажал од својата претходно донесена одлука за напад врз Иран

1222516
Трамп одобрил напад врз Иран, но веднаш потоа се предомислил

Како што се наведува, американскиот претседател Доналд Трамп вчера одобрил воздушен напад врз Иран, но веднаш потоа по кусо време се предомислил и го откажал нападот.

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ во веста во која се повикува на некои анонимни високи функционери тврди дека претседателот Трамп во последен момент се откажал од својата претходно донесена одлука за напад врз Иран.

„Њујорк Тајмс“ во веста под наслов „Трамп, одобри воздушен напад врз Иран, а потоа наеднаш се предомисли“ истакна дека воени и дипломатски функционери очекувале до 19:00 часот по локално американско време да бидат погодени некои радари и ракетни батерии на Иран, но дека поради тоа што Трамп се откажал од својата претходно донесена одлука за напад, тоа не било остварено.

Од страна на Белата куќа и Пентагон не е објавено било какво соопштение во врска со овие тврдења.

Инаку, Иранската револуционерна гарда соопшти дека вчера во утринските часови на брегот на градот Кухмубарек во провинцијата Хурмузѓан на крајбрежјето на Оманскиот залив со проектил земја-воздух е соборено американско беспилотно летало од типот „RQ-4 Global Hawk“ во сопственост на американските воздушни сили за кое како што беше наведено го „прекршило иранскиот воздушен простор“. 

Централната команда на војската на САД (CENTCOM) пак, го потврди случајот, меѓутоа застана во одбрана на тоа дека беспилотното летало било срушено додека летало во меѓународниот воздушен простор.

Претседателот Доналд Трамп во врска со соборувањето на американското беспилотно летало од страна на Иран го рече следното: „Направија многу голема грешка. Беспилотното летало се наоѓаше во меѓународниот воздушен простор, научно располагаме со докази за тоа. (За тоа дали САД планираат напад врз Иран). Наскоро ќе видите.“



Слични вести