Трамп: Нападот врз Иран го сопрев на 10 минути пред неговото извршување

Трамп рече: „Го сопрев нападот на 10 минути пред неговото извршување, бидејќи ќе беше непропорционален. Ако го реализиравме нападот ќе беа погодени 3 постројки и ќе загинеа 150 лица.“

1222928
Трамп: Нападот врз Иран го сопрев на 10 минути пред неговото извршување

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека синоќа планирале да извршат напади на 3 одделни цели во Иран, но дека се откажале од овој напад на само 10 минути пред неговото извршување.

Трамп рече: „Ако го реализиравме нападот ќе беа погодени 3 постројки и ќе загинеа 150 лица.“

„Го сопрев нападот на 10 минути пред неговото извршување, бидејќи ќе беше непропорционален. Не брзам по прашањето со Иран. Кон санкциите врз Иран синоќа се додадени нови.“ - порача Трамп и го подвлече следното: „Рекоа дека ќе загинат луѓе, го сопрев нападот.“

Американскиот претседател Доналд Трамп исто така повтори дека никако нема да се дозволи Иран да се стекне со нуклеарно оружје.



Слични вести