Трамп му даде рок на Иран

„Сакаме преговори а не војна“ рече Трамп во пораката до Иран

1222681
Трамп му даде рок на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп на Иран му даде рок и му се закани со напад.

Според веста на агенцијата Ројтерс, Трамп со посредство на управата на Оман му испрати порака на Техеран.

Трамп во пораката рече:

„Сакаме преговори а не војна“. Трамп со оваа порака на Иран му даде рок за започнување на преговори.

Сеуште не е објавено колкав е временскиот рок кој што Трамп му го даде на Иран.

Официјален Техеран го предупреди американскиот претседател Трамп во врска со меѓународните последици на евентуалниот напад.

Иран соопшти дека верскиот лидер Али Хамнеј е против преговорите, но дека и покрај тоа пораката на Трамп ќе му биде пренесена.

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ во веста која ја објави и која ја заснова на изјавите на високи државни функционери кои сакаа да останат анонимни го изнесе тврдењето дека претседателот Трамп во последен момент се откажал од нападот на Иран.



Слични вести