САД ги забранија летовите на американските авиокомпании во воздушниот простор под контрола на Иран

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) соопшти дека е донесена забрана за летање за американските воздухопловни компании над Персискиот залив и во воздушниот простор на Оманскиот залив под иранска контрола

1222420
САД ги забранија летовите на американските авиокомпании во воздушниот простор под контрола на Иран

Федералната администрација за воздухопловство на Соединетите Американски Држави (FAA) соопшти дека по соборувањето на американското беспилотно летало од страна на Иран, е донесена забрана за летање за американските воздухопловни компании над Персискиот залив и во воздушниот простор над Оманскиот залив под иранска контрола.

Во објавеното соопштение од федералната администрација се укажува на ратсечката затегнатост и пропустите во безбедноста во регионот.

Во соопштението се привлекува внимание дека во временскиот период кога било срушено беспилотното летало во сопственост на САД во регионот летале голем број цивилни авиони и дека се чувствува загриженост од покачувањето на затегнатоста во овој дел на светот.

Во соопштението на Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) исто така се вели дека во регионот постои интензивен цивилен воздушен сообраќај поради што е донесена и одлуката за забрана за летање на американските воздухопловни компании над Персискиот залив и во воздушниот простор над Оманскиот залив под иранска контрола.

Инаку, Иранската револуционерна гарда соопшти дека вчера во утринските часови на брегот на градот Кухмубарек во провинцијата Хурмузѓан на крајбрежјето на Оманскиот залив со проектил земја-воздух е соборено американско беспилотно летало од типот „RQ-4 Global Hawk“ во сопственост на американските воздушни сили за кое како што беше наведено го „прекршило иранскиот воздушен простор“. 

Централната команда на војската на САД (CENTCOM) пак, го потврди случајот, меѓутоа застана во одбрана на тоа дека беспилотното летало било срушено додека летало во меѓународниот воздушен простор.



Слични вести