ОН изразија загриженост од покачувањето на тензијата во Заливскиот регион помеѓу САД и Иран

Портпаролот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес, Стефан Дујарич, истакна дека генералниот секретар е загрижен поради случувањата во последно време во Заливскиот регион, вклучувајќи го и соборувањето на американското беспилотно летало

1222343
ОН изразија загриженост од покачувањето на тензијата во Заливскиот регион помеѓу САД и Иран

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, Стефан Дујарич, на редовната дневна прес конференција одговараше на прашањата во врска со иранско-американската затегнатост.

Дујарич истакна дека генералниот секретар Гутерес е загрижен поради случувањата во последно време во Заливскиот регион, вклучувајќи го и соборувањето на американското беспилотно летало од страна на Иран.

Велејќи „Генералниот секретар на Обедните нации (ОН) Антонио Гутерес е крајно загрижен поради случувањата до кои што доаѓа во последно време во Заливскиот регион, вклучувајќи го и соборувањето на американското беспилотно летало од страна на Иран“, Дујарич напомена дека генералниот секретар Гутерес ги повикува сите страни да покажат максимална воздржаност и да избегнуваат од зголемување уште повеќе на присутната затегнатост.   

„Генералниот секретар уште еднаш нагласува дека светот не ќе може да ја лати сметката на еден евентуален голем судир во Заливскиот регион“, - порача Стефан Дујарич, портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.

Инаку, Иранската револуционерна гарда соопшти дека вчера во утринските часови на брегот на градот Кухмубарек во провинцијата Хурмузѓан на крајбрежјето на Оманскиот залив со проектил земја-воздух е соборено беспилотно летало од типот „RQ-4 Global Hawk“ во сопственост на американските воздушни сили за кое како што беше наведено го „прекршило иранскиот воздушен простор“. 

Централната команда на војската на САД (CENTCOM) пак, го потврди случајот, меѓутоа застана во одбрана на тоа дека беспилотното летало е срушено додека летало во меѓународниот воздушен простор.

Да потсетеме дека затегнатоста помеѓу Техеран и Вашингтон почна да кулминира по нападите на двата танкери за нафта во Оманскиот залив минатата недела.

Управата на САД за нападите го обвини Иран, додека властите во Техеран ги отфрлија овие тврдења. 

По едностраното повлекување на САД од нуклеарниот договор со Иран, во мај 2018 година и откако повторно почнаа да се спроведуваат санкции врз Иран постои загриженост оваа растечка затегнатост помеѓу Техеран и Вашингтон да се претвори во евентуален воен судир.



Слични вести