Меркел предложи заедничко решение со ЕП за избор на претседателот на Европската комисија

Германската канцеларка Ангела Меркел посака да се изнајде заедничко решение со Европскиот парламент (ЕП) за избор на идниот претседател на Европската комисија

1222625
Меркел предложи заедничко решение со ЕП за избор на претседателот на Европската комисија

Германската канцеларка Ангела Меркел на одржаната прес конференција вчера по првиот ден од лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) кој што започна вчера во главниот град на Белгија, Брисел, истакна дека на остварените разговори било разговарано за  разгледани назначувањата на новите претседатели на чело на институциите на ЕУ.

Меркел рече дека на одржаните консултации ниту еден од шпиц-кандидатите на политичките групи во Европскиот парламент (ЕП) не можел да ја добие поддршката на мнозинството за избор за нов претседател на Европската комисија (ЕК).

Таа посака да се изнајде заедничко решение со Европскиот парламент (ЕП) за избор на претседателот на Комисијата на Европската унија.

Укажувајќи на тоа дека личноста која ќе стане претседател на Европската комисија (ЕК) се предложува од страна на Советот на Европската унија, а потоа тоа треба да биде одобрено и од страна на Европскиот парламент (ЕП), Меркел рече: „Ние секако посакуваме да се изнајде заедничко решение со парламентот.“ 

Германската канцеларка напомена дека затоа за остварување на консултации со претставниците во Европскиот парламент (ЕП) и со претседателите на пратеничките групи е задолжен претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, а воедно истакна дека шефовите на држави и премиерите на влади на земјите членки на Европската унија (ЕУ) повторно ќе се состанат на 30 јуни на вонредниот лидерски самит на Европската унија (ЕУ).

Меркел нагласи дека Советот на Европската унија не сака да се доживее криза по ова прашање со Европскиот парламент (ЕП) и рече: „Тоа нема да биде добро за Европската унија во наредните 5 години.“

Како што се наведува, помеѓу Германија и Франција постојат насогласувања по прашањето на изборот на идниот претседател на Европската комисија (ЕК).

Се вели дека Германија сака претседател на Европската комисија (ЕК) да биде Манфред Вебер, кандидатот на Европската народна партија во (ЕПП) Европскиот парламент (ЕП), составена од Демохристијаните, додека Франција не гледа позитивно на тоа.



Слични вести