Глобалните авиокомпании нема да летаат над Ормушкиот теснец

Голем број глобални авиокомпании поради безбедносни причини ги утврдија своите нови рути за летање со тоа што нема да летаат над Ормушкиот теснец

1222816
Глобалните авиокомпании нема да летаат над Ормушкиот теснец

Глобалните авиокомпании нема да летаат над Ормушкиот теснец.

Голем број глобални авиокомпании како британски „British Airways“, германски „Lufthansa“, австралиска „Qantas“ и „United Airlines“ на САД, како и малезиски „Malaysia Airlines“ и „Singapore Airlines“, поради безбедносни причини ги утврдија своите нови рути за летање со тоа што нема да летаат над Ормушкиот теснец.

Исто така и Кралските холандски авиолинии (КЛМ) во објавеното соопштение утрово соопшти дека поради безбедносни причини нема да лета над Ормушкиот теснец.

Инаку, Иранската револуционерна гарда соопшти дека вчера во утринските часови на брегот на градот Кухмубарек во провинцијата Хурмузѓан на крајбрежјето на Оманскиот залив со проектил земја-воздух е соборено американско беспилотно летало од типот „RQ-4 Global Hawk“ во сопственост на американските воздушни сили за кое како што беше наведено го „прекршило иранскиот воздушен простор“. 

Централната команда на војската на САД (CENTCOM) пак, го потврди случајот, меѓутоа застана во одбрана на тоа дека беспилотното летало било срушено додека летало во меѓународниот воздушен простор.

 



Слични вести