Во воздушни напади на Асадовите сили врз населените места во подрачјето на Идлиб загинаа 7 цивили

Асасдовиот режим и Русија почнувајќи од утрово реализираат воздушни напади врз цивилните населени места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во североисточниот дел на Сирија во кои според првични информации животот го загубија 7 цивили

1222064
Во воздушни напади на Асадовите сили врз населените места во подрачјето на Идлиб загинаа 7 цивили

Во воздушните напади на режимот на Бешар Асад и Русија врз цивилните населени места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“, според првични информации животот го загубија 7 цивили.

Асасдовиот режим и Русија почнувајќи од утрово реализираат воздушни напади врз населеното место Маратинуман  и селата Ел Мастуме, Хиш, Маретхирме и Ел Хабит во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ и врз населеното место Латамине и месноста Арбаин и селата Џубејн и Тел Мелех во северното рурално подрачје на градот Хама.

Според добиени информации од екипите за Цивилна Одбрана (Белите Беретки), во близина на населеното место Маретинуман кај Идлиб цел на нападите на режимот било и едно амбулатно возило кое се обидувало да стигне на местото на претходно реализираниот напад во селото Хиш, при што во нападот животот го загубиле тројца здравствени работници.

Амбулантното возило било доведено во неупотреблива состојба.

Освен тоа во реализирани напади со хаубици во селото Хиш животот го загубија тројца, а во селото Мастуме едно лице.

Поради тоа што нападите продолжуваат се стравува од зголемување на бројот на загинатите.



Слични вести