Ши Џинпинг престојува во официјална посета на Северна Кореја

Односите меѓу двете земји се затегнаа по санкциите кои почна да ги спроведуваат ОН во врска со нуклеарните активности на Северна Кореја, а кои беа подржани од страна на Кина

1221898
Ши Џинпинг престојува во официјална посета на Северна Кореја

Кинескиот претседател Ши Џинпинг престојува во официјална посета на Северна Кореја.

Ши е првиот кинески лидер кој од 2005-та година наваму престојува во официјална посета на Северна Кореја. Ши во посета на Северна Кореја замина на покана на севернокорејскиот лидер Ким Јон-ун.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг во утринските часови отпатува за Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја. Во рамките на дводневната посета лидерите се предвидува да разменат мислења во врска со можностите за подобрување на односите меѓу Кина и Северна Кроеја кои во последните години се влошија. Претседателот Џинпинг ќе оствари средба со севернокорејскиот лидер Јонг-ун и највисоките државни бирократи.

Според информациите кои беа објавени во кинеските медиуми, претседателот Џинпинг во рамките на посетата на Северна Кореја е придружуван од страна на министерот за надворешни работи Ванг Ји, претседателот на комитетот за развој и реформи Хе  Лифенг и низа други високи бирократи.

Ши Џинпинг последен пат во посета на Северна Кореја престојуваше во 2008 година кога беше потпретседател на државата.

Односите меѓу двете земји се затегнаа по санкциите кои почна да ги спроведуваат ОН во врска со нуклеарните активности на Северна Кореја, а кои беа подржани од страна на Кина.



Слични вести