Патрик Шанахан се повлече од кандидатурата за државен секретар за одбрана

Повлекувањето од функцијата потекнува исклучиво од семејни причини

1221199
Патрик Шанахан се повлече од кандидатурата за државен секретар за одбрана

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Патрик Шанахан, кој ја врши функцијата вршител на должноста државен секретар за одбрана се повлече од кандидатурата.

Трамп во врска со кандидатурата на Шанахан објави порака преку профилот на твитер.

Трамп во објавата истакна дека вршителот на должноста државен секретар за одбрана Шанахан досега беше извонреден. За време на кандидатурата за државен секретар одлучи да не ја врши функцијата и на тој начин ќе има повеќе време да помине со семејството. Му благодарам на Шанахан за извонредните услуги. Нов вршител на должноста државен секретар за одбрана ќе биде генералниот секретар на Копнените сили Марк Аспер. Јас Марк го познавам лично и не се сомневам во неговата способност. Верувам дека должноста ќе ја оствари на најдобар начин“ рече Трамп.

Од друга страна пак Шанахан во писменото соопштение што го објави во исто време со Трамп истакна дека повлекувањето од функцијата потекнува исклучиво од семејни причини.

Одразот на семејните судири со поранешната сопруга и детето во јавноста, е лош тајминг за кандидатурата за државен секретар“ рече Шанахан.



Слични вести