Иран и Русија потпишаа меморандум за соработка вреден 12 милијарди долари

Во рамките на економските односи меѓу двете земји постигнат значаен меморандум за унапредување и развој на соработката кој ќе има поволен развој врз регионот

1221204
Иран и Русија потпишаа меморандум за соработка вреден 12 милијарди долари

Иран и Русија потпишаа меморандум за соработка во сферата на енергијата, здравството, поморството и туризмот вреден 12 милијарди долари.

Според веста која беше објавена во иранските државни медиуми, рускиот министер за енергетика Елксандр Новак и иранскиот министер за енергија Риза Ердеканијан во градот Исфахан се состанаа во рамките на 15-та заедничка комисија за економска и трговска соработка.

Ердекамијан во говорот на свеченото затворање на конференцијата рече дека во рамките на економските односи меѓу двете земји постигнале значаен меморандум за унапредување и развој на соработката и дека истата ќе има поволен развој врз регионот.

Иранскиот министер за енергија рече дека потпишале меморандум за соработка во врска со стартувањето на активностите на втората и третата етапа на нуклеарната централа во Бушехр, изградбата 4 термички централи со капацитет од 1 400 мегавати во Хормозган, оптимизирање на електричната централа Рамин во Ахваз, како и зајакнување на соработката во електричната енергија, железниците, здравството, поморството, туризмот, технологијата и другите сфери и полиња. Вкупната вредност на потпишаните договори со меморандумот изнесува 12 милијарди долари.



Слични вести